Заев: Имаме помали падови на БДП од други земји во Европа

од Берта Китинска
Важно е граѓаните да знаат дека државата е финансиски ликвидна затоа навремено сме испратиле чекори кои што ќе значат заокружување на финансиска стабилна состојба на државата. Ако ова потрае ќе носиме и други одлуки ќе имаме и други задолжувања, истакна премиерот Зоран Заев, за МТВ.
Тој истакна дека редовно се сервисираат кредитите земени во минатото, кои се во висина од 1,147 милијарди евра, но државата има доволно средства, така што четвриот пакет мерки е во завршна фаза.
Се видовме со коморите, со организации на работодавачи, со синдикати, правиме комплетни средби и со универзитетски професори, практичари и слично. Следниот пакет ќе биде директни помошти кон економијата и кон граѓаните. Тука ги опфаќаме најсиромашните веројатно со картичките за да ја појачаме потрошувачката моќ на граѓаните но и на компаниите за да даваат плати, најави премерот Заев

Во врска со движењето на БДП, Заев истакна дека БДП во државата во моментов во вториот квартал е навистина на просекот и на регионот и на Европа, поради последиците од коронавирусот. Имаме помали падови на БДП од други земји во Европа. Првиот квартал ни беше 0,2% раст сега имаме 12,7 пад ние веќе третиот квартал очекуваме некоја позитивна нула. Четвртиот ако бидеме како што претпоставува целиот експертски домашен и меѓународен сектор да се случи повторно раст на економијата навистина само 12,7 ако ги поделите со сите други квартали со 0% раст на 4 квартали добивате 3,2% пад. Така очекуваме да бидеме под -4% кое што беше проектирано од СБ и од нас.

Слични содржини