Заев- Курти: Одржувањето на добрите односи меѓу двете земји е од исклучително значење и за Западен Балкан

од Ивана Рамаданова

Премиерот Зоран Заев денеска го прими во посета претседателот на партијата „Самоопределување“ од Република Косово, Албин Курти.

Ккако што соопштуваат од владината прес-служба, на средбата меѓу Заев и Курти, беше нагласено дека одржувањето на добрите односи и новите иницијативи за соработка меѓу двете земји, е од исклучително значење и за Западен Балкан и за секоја земја во регионот одделно од аспект на заедничките аспирации за членство во ЕУ.

Во текот на разговорот на средбата како приоритети се издвоија проектите за инфраструктурно поврзување, меѓу кои, освен автопатот Скопје-Блаце, се издвоија како особено добредојдени патните поврзувања меѓу Тетово и Призрен, како и дооформувањето на капацитетите на граничниот премин Јажинце кои во голема мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните и на бизнис иницијативите меѓу градовите од западниот дел на Северна Македонија и југозападниот регион на Косово.

На средбата на која присуствуваа и пратениците Мухамед Зекири од Собранието на Република Северна Македонија и новоизбраните пратеници од Самоопределување во косовскиот парламент Фиторе Пацоли и Либурн Алиу, беа потврдени исклучително добрите односи меѓу двете земји и се разговараше за идната соработка која има силни потенцијали да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на Северна Македонија и Косово.

Слични содржини