Заев: Очекувам демократското мнозинство да се стабилизира, останувам да помогнам

од Nikola Popovski

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа за првпат одговори на новинарски прашања, откако ја најави својата оставка на денот на изборите. Тој пред седиштето на владеачката партија изјави дека има сугестии од ЦО за одложување на оставките од единствена причина.

-На 31-ви октомври изјавив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми. Логично е да бидам посветен на процесот. Очекувам демократското мнозинство да се стабилизира, пред се тоа што е ориентирано за евроатлантскиот пат, за мултиетничкото општество, за држење на добрососедските односи. Затоа се овие напори. Објавив Фејсбук статус за да појасно дека важно е државата да не се врати повторно во минатото на кавги и да ги загрози евроатланските процеси. Уште еднаш напоменувам вечерта на 31-ви кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам, да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство, ако може тоа парламентарно мнозинство и да порасне. Деновите се пред нас секако тоа ќе го дознаеме сите, изјави кратко Заев пред новинарите.

Синоќа на состаноците на највисоките органи на СДСМ беше одлучено оставките на премиерот и претседател на партијата да се одложат на неодредено време, како што велат, „додека не се стабилизра ситуацијата во државата“.

Слични содржини