Заев: По цена на македонскиот идентитет и јазик не ни треба Европската унија

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев рече дека по цена на македонскиот идентите и македонскиот јазик, не ни треба ЕУ.

„ По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, не ни треба ЕУ. Затоа ќе биде прашина изгубена низ векови. Кој тоа ќе влезе во ЕУ? Така ги постигнавме големите договори, штитејќи ја нашата посебност, јазик и идентитет. Не постои договор кој го договара како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. На крај тоа е европска вредност. Драго ми е што Бугарија признава дека немаат проблем за тие прашања. Бараат утврдување на корењата. Ќе ги утврдиме и корењата, но на европски начин“, рече Заев.

Слични содржини