Заев: УБК прислушувала, но лошотијата и злобата доаѓаат од Груевски

од Vladimir Zorba

Ја споменав Управата за контраразузнавање, бидејќи таму се прислушувало. Сашо Мијалков е виновен, и тоа како е виновен, но лошотијата и злобата доаѓаат од Никола Груевски, рече премиерот Зоран Заев по сведочењето во случајот „Таргет-Тврдина“.

Според него, како на граѓаните, така и на Мијалков, Гордана Јанкуловска и Никола Груевски им е јасно кој прислушувал незаконски во државата.

„Нешто што претходно беше дискутабилно, денес е повеќе од јасно кој тоа прислушувал во Република Северна Македонија. Граѓаните чекаат казна, тоа е докажано, се е јасно“, рече Заев.

Во врска со тоа дали треба да се покрене истрага за екс јавниот обвинител Марко Зврлевски, во чие време се отвори истрагата „Пуч“, премиерот Заев рече дека било јасно дека таа истрага била отворена од политички причини.

„Верувам дека некој обвинител ќе истражи зошто во обвинителството не се работеше за тоа кој прислушувал, тоа е добро за кариерата за секој обвинител. Тоа Јавно обвинителство се ставило во служба на политиката и под притисок на Никола Груевски се формираше случајот „Пуч“, рече тој.

Александар Тодески

Фото: Борче Поповски

Слични содржини