Заев: Упадот на полицијата на местото каде се подготвуваа хуманитарните пакети за граѓаните потсети на годините на режимот

од Берта Китинска

Семејството Заеви ќе продолжи и  понатаму со хуманитарната работа,  илјадници пакети се донирани досега до  најсиромашните, насекаде низ државата и помошта ќе продолжи и понатаму.Непријатно е млади деца, волонтерите организирани од општинските кризни штабови, кои ја сервисираат цела Македонија со прехранбени продукти,  да се држат до сабајле со закани и уцени,  и да влезат без налог во приватен простор е  навистина непријатно, и потсети на годините на режимот, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг.

Семејството Заеви, сите ние поминавме  низ тие режимски сценарија и верувам дека се свесни дека ваквите работи го потсетуваат народот на режимот и требаше веднаш да се осудат, но со  самото тоа што продолжи како една голема хајка покажа дека доаѓа од партиската врхушка, реализирана по наредба на Чулев, а знаеме дека задачата ја дала партијата, посочи Заев.

 

Слични содржини