Пронајдени се телата на тројца планинари кои се водат за исчезнати од саботата, соопшти грчката противпожарна служба, пренесува Анадолија.

Тројца алпинисти, на возраст меѓу 50 и 55 години и наводно искусни, тргнале да го освојат врвот на планината Хелмос, висок 2.355 метри на Пелопонез, во југозападна Грција.

Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во близина на истоимениот град и оставиле телефонски број за контакт на операторите од одморалиштето.
Операторите за локалните медиуми изјавиле дека синоќа ги алармирале спасувачките служби, кога забележале дека автомобилот и натаму е на паркингот.
Обидите да се јават на бројот за контакт биле неуспешни.

Спасувачката служба активирала специјална единица за спасување, 22 пожарникара, два хеликоптера и оператори со дронови. Кацига и јакна биле пронајдени попладнево, а неколку часа подоцна и три тела.

Слични содржини