Загрижувачки бројки на заразени во Шпанија

од Nikola Popovski

Во Шпанија, кумулативниот број на потврдени случаи на коронавирус се зголемил за 10.650, објави Министерството за здравство.

Тој број вклучува 3,471 дијагностициран случај во последните 24 часа, но овој дневен биланс ќе биде многу поголем по ретроактивното ажурирање на бројот на заразени.

Во последните 24 часа починале 84 лица, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на пандемијата во Шпанија, заразени се 704.209 лица, а починале 31.118 лица.

Слични содржини