„Закачивме лампиони и новогодишни украси“: Герасимовски заедно со учениците од „Коле Неделковски“ ја украсија елката

од Берта Китинска

Со насмевки на лицата и вредните рачиња на учениците од ООУ „Коле Неделковски“ ја украсивме елката кај кружниот тек близу општината, објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

-Закачивме лампиони и новогодишни украси кои ќе го красат ова катче во општината. Поминавме прекрасно попладне во смеа и предновогодишно расположение споделувајќи нови желби за следната. На учениците им поделив и новогодишни пакетчиња посакувајќи им добро здравје и нови успеси во образованието. Оваа година Општина Центар поради енергетската криза одлучи да не ја осветлува општината со новогодишни сијалички и да придонесе кон одржување на стабилен енергетски систем, напша градоначалникот.

Слични содржини