Закажани комеморацијата и погребот на Коби и Џиџи

од Elena Daskalova

Коби Брајант и неговата ќерка Џана, која ја нарекуваа и Џиџи, заедно си сите патници и екипата од хеликоптерот, загинаа на 26 јануари во трагична хеликоптерска несреќа.

Комеморацијата, како што пренесува Си-ен-ен, за Коби, Џиџи и сите останати кои ги изгубија животите, ќе се одржи на 24 февруари, во Стејплс центарот, дознаваат тие повикувајќи се на извори од семејството.

Досега се одржаа неколку неофицијални комеморативни церемонии во нивна чест, но оваа ќе биде официјална, по која ќе следи погребот на сите загинати.

Наводно, датумот е избран симболично – Коби играше во дресот со број 24, а Џиџи со бројот 2 во дресот на академијата Мамба која ја предводеше нејзиниот татко.

Слични содржини