Заклучно со вчерашниот ден преку онлајн апликацијата се самопопишаа 18.236 лица

Само преку онлајн апликацијата, заклучно со вчерашниот ден се попишаа 18.236 граѓани.

Засега се одвива се во најдобар ред, а надлежните институции ја потврдуваат безбедноста на податоците, но и слободата секој да се изјасни за својата етничка припадност.

За потсетување, на 1. март, започна самопопишувањето на бездомните лица, затворениците, дијаспората…

И иако се појавија информации дека системот не е безбеден, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски ја смири јавноста и посочи дека апликацијата е безбедна и ги орфрли сите сомнежи.

„Базите се максимално заштитени, кај нас се и никој друг однадвор нема пристап до тие бази на податоци – ниту фирмата која ја направила апликацијата, ниту кој било друг, освен нас. Дури и во самата институција има строго определен протокол кој може да влегува во овие бази. Тоа се лица кои имаат сертификати и кои се претходно проверени значи, ни јас лично немам право да влезам во овие бази на податоци“, истакна Симовски.

Слични содржини