Запалена викендичка во Катланово

од Vladimir Zorba

Запалена е викендичка во близина на црквата во населбата Катланово. Интервенираат 15 пожарникари со пет противпожарни возила, информиртаа вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје (РЦУК).

Пожарот е пријавен на Европскиот број за итни случаи околу 22 часот. Од РЦУК Скопје информираат дека нема опасност за проширување на пожарот.

Дополнителни информации најавуваат во утринскиот извештај.

Слични содржини