Запленети 2472 пиротехнички средства во Прилеп, приведено едно лице

од Radmila Tasevska

Од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп денеска при претрес во дом и други простории во Прилеп и на тезга во Градски пазар во Прилеп, во сопственост на А.Б.(47) од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 2472 парчиња пиротехнички средства.

Заради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Слични содржини