По четврти пат во Скопје ќе биде одржан популарниот „Прајд викенд“. Почнувајќи од денес, се до 26-ти во организација на ЛГБТИ-Центарот при Хелсиншкиот комитет и Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, во киното „Култура“ ќе се одржат низа настани чија цел е промоција на правата и начинот на живот на луѓето од маргинализираните заедници.

Носечката идеја позади овогодишниот „Викенд на гордоста“ е солидарноста, како политичка, социјална и етичка позиција која овозможува да се градат алијанси и колективи на отпор оттаде органичувачките идентитетски позиции и исклучувачко групни интереси, без притоа да се нивелираат спецификите на различните проживеани искуства на опресија и исклучување.