Засега нема промена во цената на патарините

од Nikola Popovski

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми денеска информираше дека засега остануваат исти цените на патарините во земјата.

-Сега таа е цената на патарините, потенцира Рустеми.

Рустеми исто така напомена дека согласно одлуката од „Отворен Балкан“, продолжуваат со соработка и со јавните претпријатија на Србија и на Албанија за заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во трите држави. Проектот е во фаза на прилагодување на системите, изработка на веб апликација и законски усогласувања.

Слични содржини