Заврши процесот: Вкупно се попишани 1.832.696 граѓани

од Nikola Popovski

Оваа статистичка операција ѝ беше потребна на нашата држава. Голема благодарност до вработените во ДЗС, медиумите, граѓаните, институциите и сите кои беа вклучени во пописот, изјави вечерва на прес-конференција директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Според официјалните резултати, вкупно се попишале 1 832 696 граѓани, 568 илјади домаќинства и 837 255 станови во државата.

-91 % од сите објекти во државата беа предмет на пописот. 9 % не се предмет на попис, односно не се објекти за домување. Целосно и успешно го опфативме севкупното населние кое живее во државата, рече Симовски и додаде дека од дијаспората, вкупно се попишале 204 805 граѓани, од кои најмногу од западноевропските земји, а помал интерес имало од прекуокеанските земји.

Слични содржини