Здрав и лесен оброк: Пробајте ја киноа салатата со авокадо

од Stefanija Kuzmanovska

Број на лица: 3

Подготовка: 25 минути

Состојки:

половина шолја шарена киноа (мешавина од црвена, црна и кафена)

200 гр чери домати

половина авокадо

неколку ротквици

две шаки бебешки спанаќ

маслиново масло

сол

Подготовка:

Киноата сварете ја во солена вода, па кога ќе се олади додадете ги доматите исечкани на коцки, авокадото и ротквицата.

Се меша и се додава спанаќот.

Зачинете со сол, зачинете со маслиново масло и послужете.

Слични содржини