Здружението на млади правници поднесе тужба против Министерството за животна средина и низа институции

Поднесена тужба против Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Струга и ЈП „Комунално“ од страна на Македонското здружение на млади правници поради непреземање на марки за справување со дивата депонија во градот.

По однос на оваа тужба, Здружението бара од Основниот суд во Струга, да утврди дали е повредено правото за здрава животна средина, правото на живот, правото на почитување на приватниот и семејниот живот, на начин што во периодот од 2006 година до 2021 година не презеле соодветни мерки и активности за спречување, превенирање или намалување на штетните последици по човечкиот живот и здравје предизвикани од загадувањето на животната средина од, како што посочуваат, дивата депонија.

Инаку, со оваа тужба, Македонското здружение на млади правници бара Основниот суд Струга да ги задолжи тужените да забранат понатамошно депонирање на каков било отпад на дивата депонија, да извршат деконтаминација и рекултиривање на просторот во и околу депонијата и да се изготви и реализира софистициран план за селектирање и рециклирање на отпадот на територијата на Општина Струга, како и да се зајакне капацитетот на инспекциските служби од областа на заштита на животната средина.

Слични содржини