Зекири: Веста за отворањето на албанските граници само за Албанците е лажна

од Nikola Popovski

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил објави дека наводната одлука на премиерот на Албанија, Еди Рама, за отворање на границите само за Албанците во соседните земји, кои имаат албански, косовски, македонски или црногорски пасош, е лажна.

„Веста дека Албанија од 1 јуни ја отвара границата со Северна Македонија само за Алабанците од нашата земја е ЛАЖНА. Границата ќе се отвори за сите граѓани од нашата земја! П.С ВМРО како по обичај се истрчува со реакција на fake news…“, напиша тој.

Веста дека Албанија од 1 јуни ја отвара границата со Северна Македонија само за Алабанците од нашата земја е ЛАЖНА….

Публикувахте от Muhamed Zekiri в Понеделник, 25 май 2020 г.

Да потсетиме дека премиерот Еди Рама објави дека Албанија од 1 јуни ќе им дозволи влез во земјата на Албанците кои се државјани на Македонија, Косово и Црна Гора.

„Преземаме чекори во согласност со добро промислен план и тоа не го правиме постепено, туку напротив. Подготвени сме повторно да ги отвориме нашите копнени граници“, изјавил Рама.

Слични содржини