Зеленски бесен по идејата за отстапување територија на Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја коментираше изјавата на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер. Имено, Кисинџер во вторникот, говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, предложи Украина да отстапи дел од територијата.

– Без разлика што прави Русија, има некој што вели „да ги земеме предвид нејзините интереси“. Годинава во Давос повторно се слушна тоа. И покрај илјадниците руски ракети кои ја погодија Украина. И покрај десетици илјади убиени Украинци. И покрај Буча и Мариупол. И покрај опустошените градови. И покрај „филтрационите логори“ што Русија ги изгради, во кои убиваат, мачат, силуваат и понижуваат како на подвижна лента – изјави Зеленски, пренесува Си-Ен-Ен.

-Русија го направи сето тоа во Европа. Но, сепак, во Давос, на пример, господинот Кисинџер излегува од далечното минато и вели дека парче Украина треба да ѝ се даде на Русија – додава тој.

Зеленски ги опиша ставовите на Кисинџер како додворувачки на нацистичка Германија во 1938 година.

– Се чини дека календарот на господинот Кисинџер не е од 2022 година, туку од 1938 година, а тој мислеше дека разговара со публиката, не во Давос, туку во тогашниот Минхен – рече украинскиот претседател.

-Инаку, во 1938 година, кога семејството на г-дин Кисинџер бегаше од нацистичка Германија, тој имаше 15 години- додаде тој.

Кисинџер истакна дека би било фатално за Западот да се „понесе во моментот“ и да го заборави вистинското место на Русија во европскиот баланс на силите.

– Преговорите мора да почнат во следните два месеца, во спротивно ќе се создадат тензии кои нема лесно да се надминат. Идеално би било да се вратиме на ситуацијата пред војната, но да се форсира војната подалеку од тоа нема да се сведе на ослободување на Украина, туку на војна против Русија – рече тој пред неколку дена.

Слични содржини