Зеленски: Ни требаат што повеќе руски заробеници

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика војниците да земат што е можно повеќе руски заробеници и рече дека тоа ќе го олесни ослободувањето на украинските војници кои ги држи Русија, пренесува „Ројтерс“.

Зеленски го објави ова синоќа, неколку часа откако двете страни извршија една од најголемите размени на затвореници досега – разменија вкупно 218 затвореници, меѓу кои 108 Украинки.

„Им благодарам на сите што учествуваа во овој успех, а исто така им благодарам на сите што го пополнуваат нашиот фонд за размена, кои обезбедуваат фаќање на непријателот. Колку повеќе руски затвореници имаме, толку побрзо ќе можеме да ги ослободиме нашите херои“, порача Зеленски.

Слични содржини