Земјотрес во програма во живо: Турски водител успеа да остане смирен (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала се случи во западна Турција во близина на градот Дузче, на околу 210 километри источно од најголемиот турски град Истанбул.

На социјалните мрежи се споделуваат снимки од силниот земјотрес, а меѓу нив е и онаа каде водител водел програма во живо кога се случил потресот. За среќа, тој успеал да ја задржи присебноста и да остане професионален.

Да потсетиме, според последните податоци бројот на повредени е зголемен на 46, а евидентирана е и огромна материјална штета.

Слични содржини