Земјата, која според СЗО најуспешно се справува со коронавирусот, има 3000 смртни случаи

од Nikola Popovski

Епидемиолозите во Шведска велат дека нивниот пристап кон пандемијата на коронавирус е успешен без рестриктивни мерки, а Си-Ен-Ен наведува дека бројот на заразени и бројот на мртви не ја потврдува нивната позиција.

Шведска не им се придружи на многу од нејзините европски соседи во наметнување строги ограничувања на граѓаните, а сликите од луѓето кои одат на работа, седат во кафулиња или се дружат во парковите, се вообичаени.

Сепак, најмалку 3.000 луѓе починале од инфекција со коронавирусот, соопшти Шведската агенција за јавно здравје.

Регистрирани се вкупно 24.623 случаи, иако Шведска е земја со релативно опуштен пристап за социјална далечина во однос на другите земји во Европа, според Си-Ен-Ен.

Слични содржини