Земјотрес ја погоди Калифорнија, се тресеше областа околу Сан Франциско

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала синоќа ја потресе областа околу Сан Франциско, соопшти американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во Сан Лоренцо, во областа Аламеда, на околу 20 километри од Окланд, пренесува Ројтерс.

Јачината на земјотресот најпрво била проценета со 4,2 степени, но потоа се намалила на 4 и на крај на 3,9 степени.

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја стресе и областа околу меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, во јужна Калифорнија.

Слични содржини