Жан-Клод Ван Дам се ожени со оваа убавица, се разведоа, па повторно застанаа на „лудиот камен“

од Stefanija Kuzmanovska

Жан-Клод Ван Дам е еден од најпознатите холивудски актери. Тој е најпознат по неговите улоги во акциони филмови кои го катапултираа до ѕвезда.

Жан-Клод има богат љубовен живот, се женеше пет пати, а во вториот брак стапи во 1987 година, со поранешната актерка и бодибилдерка Гледис Португаз.

Тие го добија синот Кристофер, а потоа во нивниот дом пристигна и ќерката Бјанка.

Две години по раѓањето на нивната ќерка, парот реши да се разведе поради различни несогласувања.

Сепак, актерот подоцна најде нова љубов, а тоа беше манекенката Дарси ЛаПјер, со која го доби третото дете, синот Николас.

Сепак, по три години брак тие се разведоа, а потоа повторно се разгореа страстите меѓу него и неговата стара љубов Гледис, па парот се венчаше во 1999 година.

После 15 години во бракот настана сериозна криза, која парот ја надмина.

Наводно, во 2015 година, Гледис по втор пат поднела барање за развод, наведувајќи дека причините за разделбата биле нивните непомирливи разлики.

Меѓутоа, два месеца подоцна тие се помириле по втор пат.

Слични содржини