Жељазков очекува поддршка од Советот на Европа за заштита на правата на Бугарите во Македонија

од Nikola Popovski
50 прегледи

„Како членка на Шенген, а наскоро и на еврозоната, Бугарија продолжува да ја зајакнува својата водечка улога во стабилноста и растот во регионот. Овие достигнувања на бугарското општество недвосмислено покажуваат дека нашата земја е еднаква на највисоките европски стандарди“. Ова го изјавил бугарскиот премиер Росен Жељазков на средбата со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Теодорос Русопулос.

За време на средбата, Жељазков го запознал Русопулос со приоритетите во работата на бугарската влада. Тој истакнал дека по 4 години политичка криза, Бугарија сега има стабилен кабинет кој со сигурност може да ја води земјата по нејзиниот проевропски и проевроатлантски пат.

-Премиерот изрази благодарност за оценката што ПССЕ ја даде за изборите одржани во последните години како добро организирани и слободни. Жељазков, исто така, изрази убедување дека постмониторинг дијалогот со ПССЕ веќе ги исполни своите цели и треба да се заврши, стои во соопштението од тамошната влада.

Жељазков, исто така, ја нагласи суштинската улога на ПССЕ во областа на правото, човековите права и демократскиот развој. Бугарскиот премиер ја истакнал важната улога што Советот на Европа треба да ја игра во заштитата на правата на бугарската заедница во Македонија.

-Жељазков изрази уверување дека нема да се дозволи високо тело како што е ПССЕ да се користи за антибугарска кампања, пренесуваат бугарските медиуми.

Жељазков ги поздравил решителните акции на Советот на Европа како одговор на агресијата на Русија врз Украина. Тој ја потврдил солидарноста на Бугарија со Украина и поддршката за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Жељазков истакнал дека нашиот источен сосед веќе изразил подготвеност да се приклучи во помагањето на обновата на Украина по војната.

Слични содржини