Жена и двајца мажи ја делат Нобеловата награда за физика за откритија на полето на ласерот

од desk2

Овогодишната Нобелова награда за физика ја добија Артур Ашкин од САД, Жерар Муру од Франција и Дона Стриклад од Канада за откритија на полето на ласерот.

Ашкин ја доби наградата за откритие на оптички пинцети и нивната примена во биолошките системи, соопшти денеска Нобеловиот комитет.

Другиот дел од наградата го делат Муру и Стикланд за методот на свтарање на високо интензивни ултра кратки пулсирања.

Дона Стрикленд е само трета жена која добива Нобелова награда за физика по Марија Кири и Марија Геперт-Мајер, од вкупно 207 лауреати.

Слични содржини