Жена од Кочани собрала над илјада евра од хумани граѓани – лажела дека ѝ се болни децата

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата од Кочани поднела кривична пријава против Х.Д.(40) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.

„Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување на нејзините деца и за запишување на факултет“, соопштуваат од МВР.

Слични содржини