Жените преферираат мажи кои се алтруисти, а не убави на изглед, покажуваат истражувања за кои пишува британскиот весник “Индипендент”. За да го утврдат тоа, научниците им покажаа на жени слики на различни мажи.4626653

Тие го придружувале прикажувањето на слики со опис како мажите ќе се однесуваат во различни ситуации (несебично или не) – пример ќе купат ли сендвич на бездомник и ќе помогнат ли на  дете кое се дави. Резултатите покажаа дека жените ги преферираат мажите алтруисти, особено кога станува збор за долгорочни односи. Таа предност преовладува пред чисто физичката привлечност.

Секако дека најпосакуваниот ќе биде оној кој е истовремено и привлечен, и алтруист. Интересно е дека кај краткорочните односи жените ја преферираат повеќе надворешната убавина пред алтруизамот, но разликата не е воопшто голема.

“Овие податоци претставуваат значаен придонес во нашето разбирање за улогата на алтруистичкото однесување при изборот на партнер … Генерално добиените резултати даваат дополнителна поддршка на хипотезата дека алтруизмот се претвора во најважниот атрибут при изборот на партнер, особено за долгорочните односи” , рече во статија објавена во специјализираното издание Evolutionary Psychology, на која се повикува весникот.

Слични содржини