Жените родени во овие хороскопски знаци повеќе преферираат машко друштво

од Stefanija Kuzmanovska

Некои жени едноставно многу подобро се снаоѓаат во машко друштво, отколку во женско. Најчесто имаат машки пријатели и негуваат долгогодишни машко-женски пријателства.

Според астрологијата, жените родени во овие хороскопски знаци преферираат токму машко-женски пријателства.

1. ОВЕН

Жените во овој знак лесно можат да се спријателат со било кого, но кога е во прашање исполнување на нивните компетитивни страни, тогаш дефинитивно бираат пријателство со мажи. Жените Овни бараат некој кој ќе ги предизвика и ќе ги тера да дадат сè од себе, а тоа го наоѓаат кај машките пријатели.

2. ЛАВ

Со овој хороскопски знак владее Сонцето, а поради тоа жените Лавови полесно остваруваат комуникација со мажите. Можат да се спријателат и со жени, но токму најдобрите пријателства за нив произлегуваат од машка страна.

3. СКОРПИЈА

Жените Скорпии бираат пријателство со маж од две причини. Првата, бидејќи често не сакаат претерано комплексни, драматични односи туку само некој со кого добро ќе се забавуваат. Втората причина е поради големата љубомора што ја носат во себе. Со женските пријатели често ќе имаат намера да се натпреваруваат, па мажите дефинитивно се поедноставен избор за нив.

Слични содржини