Женско тело пронајдено во куфер во хостел во Лондон

од Vladimir Zorba

Лондонската полиција истражува смрт на жена чие тело е пронајдено во куфер во хостел во западниот дел на градот, пренесува Гардијан.

Телото го открил еден сликар од хостелот, две недели откако соседите пријавиле „непријатен мирис“.

Сè уште никој не е уапсен, а полицијата остана на местото на настанот.

Други корисници на хостелот изјавија дека жената има момче, но дека тој исчезнал по инцидентот.

Во изјавата по повод откривањето на телото, полицијата вели дека смртта била третирана како необјаснива и дека истрагите продолжуваат за идентификување на настраданата жена.

Слични содржини