Жежовски бил убиен за долг од 500 евра, со неговото возило е киднапирана Вања

од Nikola Popovski

На денешната прес-конференција во Јавното обвинителство беше обелоденето дека убиството на Панче Жежовски од Велес било поради должничко-доверителски односи.

Како што информира обвинителот Гаврил Бубевски, 74-годишното лице му должело 500 евра на еден од осомничените.

-Тој е пронајден заради нивната конекција со еден од осомничените, кој му бил сосед и неговиот долг од 500 евра. Очигледно е дека тој е само прометна жртва, за да се земе возилото и да се изврши ова, рече Бубевски на денешната прес-конференција.

Телото на Жежовски било пронајдено закопано во околина на Велес.

Слични содржини