Зибери: Заев и Ахмети преговaрaaт за моделот како ќе се подели премиерската позиција

од Берта Китинска

Пред неколку дена почнаа преговорите меѓу СДСМ и ДУИ за коалиција, но се уште нема никаков исход.  И додека преговорите течат, кандидатот за премиер кој го предложија интегративците, Насер Зибери, продолжува со неговата професија како правник.

Во интервју за ТВ21 вели дека не е директно вклучен во преговорите, бидејќи тие се одвиваат меѓу лидерите Заев – Ахмети, но вели дека е информиран за текот на преговорите директно од лидерот на ДУИ, Ахмети. Од тоа што го знае, Зибери вели дека во моментов преговорите меѓу Заев и Ахмети се околу моделот за тоа како ќе се подели премиерската позиција, со веќе зборуваните варијанти, 2 со 2 години, 3 со 1 или 1 со 3.

„Според информациите што ги имам, прашање на модел е, за кое партиите имаат различни гледишта и не е тајна дека тука станува збор за тоа кој прв ќе биде номиниран за формирање влада. За таа позиција, партиите изнесуваат аргументи зошто овој или тој треба да биде мандатар, итн..“, истакна Насер Зибери.

Слични содржини