Зиеш се сели во Милан

од Vladimir Zorba

Хаким Зиеш наскоро ќе се пресели во Милан, информира Sky Sports. Челси го стави мароканскиот интернационалец на трансфер листата откако стана јасно дека тој не е вклучен на сметките на Томас Тухел за новата сезона. „Сините“ од Лондон ќе се засилат со Рахим Стерлинг и нема да има место за Зиеш во составот.

Во Милано добија зелено светло за привлекување на поранешниот играч на Ајакс, а тој ќе биде земен на позајмица, со опција за откуп. Сумата која ја споменуваат медиумите варира меѓу 25 и 27 милиони евра. Самиот Зиеш веќе се согласил да го носи „црвено-црниот“ дрес и покрај тоа што ќе зема помала плата.

Милан не се откажува од преговорите со Бриж ниту за Шарл Де Кетелар. Агентите на белгискиот интернационалец се во Италија и се очекува двете страни да постигнат договор.

„Росонерите“ му понудија на Бриж 20 милиони евра, но нивната понуда беше одбиена. Белгијците јасно ставија до знаење дека ќе го продадат 21-годишниот напаѓач за ни помалку ни повеќе од 30 милиони евра.

Де Кетелар претпочита кариерата да ја продолжи во Милан. Тој дури се консултирал со сонародниците Алексис Салемакерс и Дивок Ориги.

Слични содржини