Златан го оперираше коленото: Крај на кариерата?

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ (40) го оперирал левото колено во Лион, поради што ќе паузира до осум месеци, соопшти денеска италијанскиот клуб.

Во соопштението се наведува дека шведскиот фудбалер бил подложен на артроскопска операција на левото колено.

„Операцијата е планирана веќе некое време со цел Ибрахимовиќ да ја реши нестабилноста поради претходна операција на предните вкрстени лигаменти. Закрепнувањето ќе трае меѓу седум и осум месеци“, се вели во соопштението на Милан.

Четириесетгодишниот фудбалер има договор со италијанскиот клуб до крајот на јуни, а сезонава за Милан одигра 23 натпревари и постигна осум гола. Останува да се види дали Швеѓанецот ќе продолжи да игра по опоравувањето или ќе ја заврши кариерата и ќе прифати една од функциите во миланскиот клуб.

Слични содржини