Златни пилешки батаци – совршен вкус (Видео)

од desk2

Пилешки батаци со зачини кои им даваат совршен вкус и боја. Лесно и едноставно.

СОСТОЈКИ:
800 гр пилешки батаци
1 лажица куркума
прстофат бибер
малку лук во прав
мелен коријандер
1 лажица вода
сол
300 мл масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги сите состојки со месото и оставете да отстои околу половина час. Загрејте масло и батаците пржете ги околу 25 минути со вртење, за подеднакво да се испечат. Должината на пржење зависи од големината на батаците.
Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Слични содржини