Зое Кравиц станува лице на YSL Beauty

од Vladimir Zorba

Козметичката компанија YSL Beauty ја избра за свое лице ќерката на американскиот музичар Лени Кравиц – Зое. Самата таа не го криеше задоволството да биде претставник на најголемата козметичка марка.

YSL отсекогаш била моја омилена марка. Во колекциите тие се комбинираат лесна елеганција и смели комбинации, со помош на кои можам да го предадам своето видување за убавина и мода. Во нивните производи секогаш има дрскост и сила, но без излишна надменост “, рече Зое Кравиц.

Претставниците на брендот од своја страна истакна дека Зое ја отелотворува претставата за убавина на современите девојки.

Зое Кравиц е американска актерка и модел. Покрај настапите на модна писта, таа учествува и во филмови како “Фантастична животни и каде да ги најдеме”, “Дивергент”, “Лудиот Макс: Патот на бесот”, “Х-мен: Прв бран” и др.

Слични содржини