Зошто Англија се откажа од планот за ковид-сертификати?

од Nikola Popovski

Плановите за воведување ковид-сертификати за влез во ноќните клубови и големите настани во Англија нема да продолжат, рече министерот за здравство Саџид Џавид.

Министерот за Би-Би-Си рече дека „работите едноставно не треба да се прават бидејќи другите околу нас ги прават и секоја можна интервенција треба да се разгледа праведно“.

„Никогаш не ми се допадна идејата да им кажам на луѓето дека треба да ги покажуваат своите документи за да ги извршуваат секојдневните активности. Иако потенцијалното воведување на пропусници треба да се чува во резерва, можам со задоволство да кажам дека нема да одиме понатаму со плановите за сертификати за влез“, рече министерот.

Планот за таквите документи требаше да биде претставен на крајот на овој месец, а многумина се спротивставија на идејата.

Асоцијацијата „Најт Тајм индустрии“ предупреди дека плановите може да ја „осакатат“ индустријата и дека ноќните клубови може да се соочат со дискриминација, а „Мјузик Венју Траст“ ги нарече ковид-сертификатите „проблематични“.

Ед Дејви, лидерот на либералдемократите, го нарече планот за воведување пропусници „неостварлив и скап“.

За тоа дали владата се плаши од воведување пропусници по овие критики, Џавид соопшти дека дозволите не се потребни од други причини, како што се голема потрошувачка на вакцини, тестирање и надзор.

Тој, исто така, додаде дека сака да се ослободи од ПЦР-тестовите за патување, бидејќи не предвидува дека ќе има повторен локдаун, но додаде дека би било неодговорно „да се отстрани се од масата“.

„Ако главните британски лекари советуваат да вакцинираат деца на возраст од 12 до 15 години, можеме да започнеме во рок од една недела и училиштата веќе се подготвија за тоа, но Мешовитиот комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) препорача тоа да не се направи, освен за деца кои имаат други здравствени проблеми“, објасни Џавид.

Фото: Tristan Potter / SWNS / SWNS / Profimedia

Слични содржини