Зошто Кими доби поголема казна од Фетел?

од desk2

Критиките кон малата казна на Себастијан Фетел за инцидентот со Валтери Ботас пред две недели, најверојатно имаат влијание врз одлуката на стјуардите санкцијата на Кими Раиконен за сличен инцидент вчера, сега да биде поголема, објасни тркачкиот директор, Чарли Вајтинг.

Во Франција, Фетел беше казнет со 5 секунди поради ударот против Валтери Ботас, додека Кими Раиконен доби 10 секунди за идентична ситуација против Луис Хамилтон.

„Не можам да знам што точно мислеле стјуардите, но веројатно процениле дека овој случај е посериозен од претходниот. Сепак, критиките за должината на казната на Фетел сигурно имале влијание врз нив“, рече Вајтинг.

Како и Фетел, сега Раиконен исто ја призна вината, а и од Мерцедес ја прифатија санкцијата, откако Тото Волф изјави дека опциите пред стјуардите не биле толку многу, а и тие се повикале на претходни слични случаи.

Слични содржини