Многу жени и мажи сонуваат да ослабат. Кај дел од нив сепак тоа не се случува.Зошто? Причините можат да бидат многу и најразлични, но генерално речиси сè зависи од волјата и желбата на човекот за промена. Слабеењето не е лесна цел, но во никој случај не е невозможна!fde3e214e719378c829d930f7b9c38ab

Во следните редови ќе ви изброиме некои од можните причини поради кои губите во битката со килограмите. Не заборавајте дека за секој проблем има решение!

“Потребно е премногу време”

Токму безбедното слабеење е бавното слабеење, па не сакајте за еден месец да симнете 10 килограми, на пример. Бидете трпеливи и уживајте во секој килограм помалку. Ако не подлегнавте на искушенијата, во даден момент ќе ја  постигнете својата цел. Само не се откажувајте од неа.

“Гладен сум”

Губење на тежината се сведува на едноставна математика: треба да земате помалку калории отколку што трошите. Ако сакате да се храните со висококалорична храна, тогаш ќе треба да се задоволите само со неколку залаци од неа, за да не ги надминувате дозволените калории. На овој начин сигурно ќе бидете гладни. Најдобро консумирајте здрава и нискокалорична храна како зеленчукот кој е богат со растителни влакна храна, како интегрални производи и добри извори на вода како плодовите. Со нив нема да се чувствувате гладни.

“Ми недостасува мојата омилена храна”

Ако постојано мислите за чоколадо, сладолед, чипс и пица, сигурно нема да се изборите со килограмите. Освен тоа не можете да останете на долготраен режим на  исхрана кој е премногу ограничувачки. За да успеете, придржувајте се кон здравата исхрана, но еднаш неделно дозволувајте по нешто “штетно”, но омилено.

“Го мразам спортот”

Ако не ви се допаѓа, најдете нешто друго што ви дава задоволство. Ако трчањето на патеката во салата не е за вас, запишете се на некакво танцување. Можностите се многу, па сигурно може да најдете некоја физичка активност, која ќе  ви биде пријатна.

“Се обидов сè и ништо не функционираше кај мене”

Кога се храните правилно и тренирате, очекувано е да ги постигнувате саканите резултати. Во случај да тоа не се случува, сепак, очигледно имате некаков проблем. Треба да се обидете да го решите, наместо да се откажувате. Можеби не тренирате доволно? Или пак редовно? А можеби претерувате со здрава храна, која сепак содржи повеќе калории?Најдобро направете некои промени во однос на исхраната, како и во вашата фитнес рутина.

Слични содржини