📸Adro BMW M2

од Vladimir Zorba

Актуелниот BMW M2 G87 го привлекува вниманието на бројни тјунери. Еден од нив е и Adro, кој подготви аеро-кит од карбонски влакна и комплет нови тркала за M2.

Пред се, се издвојува фиксниот заден спојлер од јаглеродни влакна, кој чини 3.850 долари. Има и заден дифузор со цена од 2.250 долари, додека комплетот странични здолништа чини 1.700 долари.

Дополнително, има и преден спојлер изработен од карбонски влакна кој дополнително го нагласува агресивниот изглед на автомобилот (тука во Toronto Red боја), како и модифицирани предни „бубрези“ (исто така направени од карбонски влакна).

Автомобилот е и нешто понизок од фабричкиот, а понудата е заокружена со комплет тркала HRE Wheels R101LW кои одлично се вклопуваат во овој автомобил.

Слични содржини