магли

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ    -4 Берово, -3 Тетово, -2 Скопје-З.Рид, Струмица, Прилеп, Маврово, Виница, Охрид, Битола, -1 Скопје -Петровец., Кр. Паланка, 0 Претор, Лазарополе, 1 Куманово,  Кавадарци, Крушево, Д. Капија, 2 Штип, 5 Гевгелија, 7 Дојран.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА   Во поголем дел од земјата утрово е магливо и студено со ограничена хоризонтална видливост. Само во Гевгелија и во некои од повисоките места,  како и на планините е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб северен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Претпладне по котлините магливо со ниска облачност, а попладне ќе има делумно расчистување. На повисоките места и планините ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб северен ветер. Температурата во местата со магла ќе достигне од 2 до 6 степени, а во останатите подрачја од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде магливо и студено, а попладне ќе има услови за делумно расчистување на маглата. Температурата ќе достигне до 5 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре ќе биде малку до умерено облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот како  и во четврток умерен северен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за појава на магла по котлините.  Во наредните денови дневните температури ќе опаднат и во останатите места.

 

Слични содржини