„Шарената револуција“ на денешниот протест посветен против „продавањето“ на работниците за минимални плати, ги обоија објектите на Агенцијата за вработување (АВРМ) и Министерството за економија и порачаа „Младите си отидоа, партијата се вработи“ и „Книшка плата, клати врата“.

13.05-protest-8-860x680

Пред демонстрантите говореа неколку студенти и професорката од Економскиот факултет, Билјана Секуловска Габер кои преку лични примери ја раскажаа приказната за незадоволството од владините политики.

Секуловска Габер рече дека во оваа држава никој не ги слуша ниту младите, кои се иднината на земјата, ниту пак професорите.

– Тука сум секој ден и протестирам веќе седум години. За првпат излегов на протест кога го најавија „Скопје 2014“. Пред седум години никој не знаеше до каде може да отиде ова лудило. Сето ова ќе заврши на истото место каде што и почна, на плоштадот со огромен протест на „Шарената револуција“ – рече Секуловска Габер.

Виктор Митевски кој студира во странство порача дека не сака да гледа како неговите најблиски пријатели кои тука се првенци на генерација заминуваат во странство и работат за мизерна плата. Сепак тој порача дека има и такви кои од Македонија успеале да се пробијат во познатите светски корпорации. – Ако можеме да успееме надвор и да водиме успешни компании тогаш, можеме тоа да го направиме и тука и успешно да ја водиме оваа држава – изјави Митевски. Радио-водителот Петар Антевски рече дека, протестира затоа што не сака партиската книшка да биде услов за вработување, за да може да живее без да размислува да замине во странство, затоа што таму е поубаво.

Последен се обрати активистот Дејан Љутков кој рече дека Агенцијата за вработување е еуфемизам за – агенција за бришење. Тој се осврна на владините мерки за намалување на вработеноста и начинот на кој Агенцијата бесправедно ги брише невработените. Тој се осврна и на странските инвестиции, минималните плати кои ги даваат странските инвеститори, бидејќи Владата не рекламира како евтина работна сила.

13.05-protest-4

– Владата не рекламира во странство, имајќи ги предвид нивните изјави за странски служби и агенти, да се прашаме кој во оваа приказна е врзан за странските служби – праша Љутков.

Со неговиот говор и повик за социјална правда заврши вечерашниот протест, а организаторите ги повикаа граѓаните и утре пред СЈО да го изразат својот револт.

Вечерва се протестираше и низ 12 други градови во државата, а за првпат и во Свети Николе, Крушево и Виница.

Слични содржини