9-ти ден од протестите низ Македонија против скандалозната аболиција на претседателот, односно неговиот противуставен обид да скрие 56 лица од судски процеси за криминал, корупција и изборни малверзации. МАкедонија е на нозе ,граѓаните од Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Охрид, Кочани, Кавадарци повторно излегоа на улиците  и  покажаа дека инсистираат на одожување на изборите, оставка на претседателот Иванов и задолжително учество во сите процеси на одлучување и решавање на политичката криза.
Погледнете ја хронологијата на вчераќните  протести низ Македонија.сарена


 18:33Скопје , собирање и почеток  протестот пред СЈО а

Граѓани се собираат  пред зградата на СЈО да изразат поддршка за работата на ова обвинителство, да побараат повлекување на скандалозната аболиција, оставка од претседателот Иванов, одложување на изборите.  Граѓаните скандираат „Поддршка за СЈО“, „Нема правда,нема мир“…

 


18:53 Прилепчани излегоа на протест 

Граѓански протест и низ улиците на Прилеп. СЕ скандираат истте барања: оставка од претседателот, повлекување на неговата одлука за аболиција, итна седница на собранието и повлекување на одлуката за избори на 5-ти јуни.

13076674_10208509671271825_8956473106120028455_n
12991055_10208509670751812_8905271999081505387_n13001033_10208509670791813_6688151426441015551_n


 

19:03 Скопје демпонстрантите тргнаа  кон Собранието на РМ

Ечат  свирчиња,  тапани…, ги повикуваат и другите да им се придружат, скандираат „Дојдете со нас“, „Нема првада, нема мир“, „Оставка Никола“:

CggDOy9WwAA9q21

 

13015176_10209481292331932_280270120976635968_n1509972_10209481291491911_7449494244102077415_n13076630_10209481291851920_5481975510286389954_n
13012814_10209481938188078_6644916527159076840_n13006489_10209481938988098_6663131271937515375_n

19:28 Скопје е пред парламентот

„Нема правда, нема мир“ „Мафија на робија“, „Оставка“…. Граѓаните повторно пред Собраниет ги прочитаа свите барања

CggHP5JXIAAfw0v

CggJbxRW4AAl_SFCggJP7EWwAEcrkb
CggG_crWEAABfiW


 

19:37 „Мафија на робија“ порачаа и струмичани

Неколку илјади струмичани во центарот на градот порачаа дека ќе протестираат се додека Иванов не ја повеќе скандалозната одлука и додека собранието не ги одложи изборите.

12994396_10209532272531989_4612358748254776033_n13015111_10209532266811846_6996959013827741372_n


19:41Шарената револуција“ го стигна и Промотеј 

„Шарената револуција“, како што се наречени и граѓанските протести го стигнаа Прометеј граѓаните кои протестираат на плоштадот, со „мала уметничка интервенција“ со бои и јајца, го направија дел од атмосферата.


 

20:18Граѓаните пристигнаа пред Владата, скандираат „Нема да ви простиме“ 

Од Собранието, преку плоштадот Македонија оилјадници граѓани својот револт од актуалната власт, скандалозната аболиција и изборите ја изнесоа пред Владата. Свиреа и скандираа „Оставка“ „Нема да ви простиме“, „Нема правда, нема мир“ „Мафија на робија“ …

CggVE2RUsAAH__lCggVBp8WIAEk3orCggQmSlWIAAF33gCggTQdVUYAEKxm_

Од Владата демонстрантите се упатија кон Градскиот парк.


20:24 И Битола протестира 

Неколку илјади битолчани и вечерва бараат оставка од градоналалникот Талески, од претседалот Иванов, инсистираат на учество на граѓаните во решаање на кризата и повлекување на одлуките за аболиција и избои на 5-ти јуни.

CggV8UbXEAAoDnb (1)


 


20:33 „Нема правда, нема мир“ порачаа и во Кавадарци


20:29 Скопје протестот продолжи кон Градскиот парк 

Од Влададата демонстрантите се упатија кон градскиот парк.

CggVjbTWQAE2lnJ


Пеејќи „Градот убав пак ќе никне“ граѓаните ги „освежија“ и бараките на КоцеТрајановски

Демонстрантите пеејќи ја „Градот убав пак ќе никне“ шарено ги офарбаа и бараките на Град Скопје во градскиот парк.

Протестите во сите градови завршија мирно без судири со полицијата. Денеска се продолжува со барањата оставки и повлекување на одлуката  за аболиција на претседателот Иванов.

Слични содржини