Адвокатот на Трамп ги негира тајните разговори со Русија за претседателските избори во САД

од desk3

Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп – Мајкл Коен, негираше дека тој или неговиот клиент имале контакти со Русија за минатогодишните претседателски избори во САД. Според него, таквите обвинувања се насочени кон дискредитација на претседателот Трамп, објави БТА.

“Изјавувам јасно дека немам никаква врска со никаква руска интервенција во нашиот изборен процес”, рече Мајкл Коен во соопштението, подготвено за негова  средба со Комисијата за разузнавање на Сенатот, која на крајот беше одложена.

“Со оглед на тоа што бев близок до американскиот претседател кога тој беше кандидат, дозволете ми да кажам дека никогаш не сум видел ништо, што би ја покажало улогата во руската интервенција на нашите избори или каква било форма на тајни договори со Русија “, додаде Коен.

Слични содржини