Претседателот на ФИФА Јозеф “Сеп” Блатер изјави дека е “шокиран” од начинот на кој судствотона САД  има преземено насочено светското раководство на фудбалската асоцијација, и додаде дека европските фудбалски лидери водат кампања на “омраза” против него .Ова тој го рече  во интервју за швајцарската телевизија, пренесе AFP .

фифа

Според зборовите на Блатер, апсењата на седум службеници од ФИФА во средата по обвинение за корупција се обид “да се влијае на конгресот”, на кој беше избран во петокот.
Блатер . Тој ги осуди и коментарите на претставниците на американското судство на адреса на ФИФА.

“Се разбира, шокиран сум. Како претседател на ФИФА, никогаш нема да си дозволам да коментирам друга организација, пред да сум сигурен што се случува “, рече тој.

Лидерот на светската фудбалска асоцијација зборуваше и против претседателот на УЕФА Мишел Платини, кој побара негова оставка поради корупцискиот скандал.

“Тоа е омраза, која доаѓа не само од една личност во УЕФА, таа доаѓа од УЕФА како организација која не може да разбере дека во 1998 година станав претседател”, рече уште претседателот на ФИФА.

Слични содржини