download (1)

Во временскиот период од 15.03 до 21.03.2015 година во с. Добри Дол, скопско, во црквата „Свети Спас“, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно делувал на катанецот од влезната врата од црквата, влегол во трпезаријата од каде одзел околу 5.200 денари во разни апоени, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 20/21.03.2015 година во периодот од 08,30 до 09,00 часот во Скопје на ул.„Христо Татарчев“, на м.в.„Теферич“ населба Припор во црквата „Св.Преображение“, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел околу 500 денари, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 20/21.03.2015 година во периодот од 20,00 до 17,30 часот во с.Горно Соње, скопско, во црквата „Св.Никола“, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и одзел околу 10.000 денари во разни апоени, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Слични содржини