Ако до крајот на август нема договор за обвинител, за неговите ингеренции и за прашањата поврзани со избирачкиот список и изборниот модел, СДСМ нема да се врати во Собранието, тврдат извори од опозцијата , а за истото велат дека бил информиран и странскиот фактор.

liderite-site_so_han_i_bejli

Со оглед на фактот дека посредникот Ванхоуте најави дека работната група ќе работи уште денес и дека потоа ќе замине на двонеделен одмор се` до 17-ти август, за изборот на специјалниот обвинител остануваат помалку од 30 дена.
Иако и понатаму нема официјални изјави од преговарачите или од европските посредници, медиумите пренесуваат коментари на дел од стручњаците според коишто изборот, ингеренциите и овластувањата на специјалниот обвинител се многу важни за надминување на длабоката политичка криза и се претпоставува дека ова ќе биде еден од жешките костени во преговарачкиот процес меѓу власта и опозицијата.

Слични содржини