Актер од „Твин Пикс“ уапсен под обвинение за убиство

од Vladimir Zorba

Американскиот актер Џереми Линдхолм, кој одигра епизодна улога во серијата “Твин Пикс” беше уапсен во градот Спок, Вашингтон за обид за убиство на својата девојка.

Ова го соопшти во петокот телевизијата “Скај њуз”. Според податоците на каналот 41-годишниот маж е уапсен уште во средата вечерта, откако ja нападнал љубената со безбол палка. Сигналот за случката бил поднесен од очевидец на настаните. Самиот актер признал подоцна пред истражителите дека се скарал со нeговата девојка пред инцидентот, но во моментов не го признава делото.

Суровоста на неговите акции сепак излегоа на виделина откако таблоидот Ти Ем Зи објави снимка од уличните камери, на кои се гледа како Линдхолм се нафрлува на својата девојка со посебен бес по главата и телото, користејќи палка, по што се обидува и да ја задави.

Слични содржини