По денешното обзнанување на акцијата “Титаник” на пресот на СЈО, Катица Јанева, амбасадата на САД излезе со рeакција. Ги повикуваат властите да ги исполнат највисоките стандарди на владеењето на правото, транспарентноста, праведноста, заштитата на слободата на говор и независноста на судството, како што се движат напред случаите кои ги отвори Јанева.

bejli8

„САД целосно ја подржуваат канцеларијата на Специјалното обвинителство и нејзината улога во истрагата и процесирањето на сомненијата за криминал произлезени од содржините на незаконското прислушување. Именувањето на Катица Јанева беше суштински елемент на договорот од Пржино и таа беше прифатена од четирите политички партии. Ние уште еднаш апелираме до сите страни да дозволат Специјалното обвинителство да ја извршува нејзината работа самостојно и слободно од било каква форма на политички притисок. Обвинетите треба да уживаат целосна заштита според законот и ние ги повикуваме сите граѓани да дозволат фактите да бидат докажани само преку правен процес. Ги повикуваме властите да ги исполнат највисоките стандарди за спроведување на законот, транспарентноста, коректноста, заштитата на слободата на изразувањето и правната независност за време на процесирањето на овие прашања“, информираа од амбасадата на САД.

Слични содржини